27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Нема збор што може да ја опише помислата за тоа што се случувало на Онкологија, ова мора да се истера до крај

„Нема збор што може да ја опише самата помосила за тоа што се случувало на Клиниката за онкологија. Најблаго кажано е дека се изгубила човечката димензија. Ова се состојби што траеле подолг временски период. Имаше неколку јавни написи, одредени пријави до МВР и ОЈО, поради што се отвори предметот и се преземаат процесни дејствија“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека колку и да е лошо и колку да боли овој случај мора да биде истеран до крај и мора да се анализираат сите аргументи и докази што се пронајдени.

Министерот Спасовски исто така кажа дека е поголем бројот на лица кои се истражуваат за случајот и рече дека секој виновник има име и презиме и тие мора да бидат утврди.

„Ваков чин, вакво злосторство, вакво нечовечко однесување и нехуманост од кого и да е направено нема да има толеранција. Тоа ни е основата во работењето со ОЈО и тука нема да има пардон за никого. Се случувале 20 години вакви настани, имало индиции многу пати до сега, но сега е дојден момент да се расчисти со корупција и затоа ги преземаме сите чекори и мерки кои ги имаме на располагање“ рече Спасовски.