17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почуствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на станиците инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 4.9.2023 година во 9 часот и 31 минути регистрираше земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.3, чиј епицентар се наоѓа 140 km источно од Скопје во соседна Р. Бугарија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот е почувствуван од населението во Делчево, Тработивиште и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.