23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: САД сакаат да не видат во ЕУ, заложбите на Владата се соофпаѓаат со стратешките интереси на САД

„Заменикот помошник државен секреатар на САД, Ескобар кажа дека САД сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. Тие беа наша најголема поддршка кога станувавме дел од НАТО. Заложбите на Владата и она што Владата го работи како проевропска Влада апсолутно се совпаѓаат со стратешките интереси на САД и тоа беше истакнато, дека секогаш се ценат како партнери оние што се ЗА поддшрка на НАТО и европските интеграции и на владеењето на правото во државите“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „10 минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека американските претставници редовно истакнуваат дека Западниот Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, особено по војната во Украина.

„Она што е заедничко како оценка на голем број на економисти дека потенцијалот за економски развој на ЗБ е исклучително голем со оглед на неговата позиција, на тоа што луѓето се исклучително вредни со оглед на ресурсите кои располага и потенцијалот кој располага и вклучувањето на еден заеднички пазар од половина милијарда луѓе како што е пазарот на ЕУ секако дека ќе го направи овој регион да биде регион со највисоки стапки на раст. Тоа не го кажувам само јас, туку денес беше кажано на разговорите што ги имав со американскиот претставник“ рече Ковачевски.

Премиерот рече дека нашите граѓани не заслужуваат повторно да седат во чекалната на ЕУ и треба да се искористи оваа шанса, а не како што изјавува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека ако треба ќе чекаме 10 и 20 и 30 години.