23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Европскиот фронт е решен да го води процесот за членство во ЕУ, тоа значи подобар животен стандард за сите граѓани

Секогаш нашата држава ја воделе две јасни цели во поглед на меѓународното етаблирање на државата – членството во НАТО и членството во ЕУ и ние таа јасна визија не смееме да ја изгубиме бидејќи граѓаните сакаат да видат држава која е дел од ЕУ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за ТВ 21.

Ковачевски посочи дека европскиот блок нема да дозволи нова изолација и дека со сите сили ќе се бори за продолжување на европскиот пат со цел полноправно членство во ЕУ,што носи придобивки за сите граѓани

„Од исклучителна важност на државата е да тој европски фронт биде силен, цврст и решен да процесот го води до финално зачленување на Северна Македонија на ЕУ. Зошто? Бидејќи ние 11 години видовме како изгледаше изолација, видовме како изгледаше заробена држава, видовме како преку одреден финанс.културен инженериг се подгреваа чувствата на граѓаните. Ние во тоа време имавме односи со соседите апсолутно нарушени, имавме нарушена соработка со нашите стратешки партнери. Бевме држава која што 11 години ни милиметар не мрдна во европските интеграции, за да на крајот државата биде прогласена за заробена држава, слободата на медиумите бевме на 140 место во светот. Ако ги погледнете и економските перформанси беа полоши во тоа време, земете ја минималната плата беше на ниво од 8.000 денари во некои сектори и 7000 денари. Денес имаме минимална плата 22.000 денари. 23.000 ќе стане. Просечната плата е скоро 37.000 денари. Ние сега имаме намалување на невработеноста за 8%, зголемување на вработеноста за 9,5%. Имаме најголемиот американско – турски конзорциум за изградба на коридор 8, нешто што никогаш не било ни на хартија ставено. Веќе почнуваат подготвителните работи“ заклучи претседателот Ковачевски.