„На секој чекор и при сите наши американски предизвици, ние сметавме на Северна Македонија. Сега сакаме Северна Македонија да смета на нас при своите предизвици. Северна Македонија беше постојано со нас и сакаме да ве видиме во ЕУ. Ние сме најентузијастични поддржувачи на тоа“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димтиар Ковачевски.
Тој додаде дека со премиерот Ковачевски разговарал за проширувањето на ЕУ, регионалната стабилност и безбедност.
„Навистина ми е мило што започна процесот на уставните измени, бидејќи сакаме да ве видиме како дел од ЕУ. Сакаме да имате блиско учество во сите структури“ рече Ескобар.
Заменик-помошникот државен секретар на САД истакна дека тие не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања.
„САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар.