14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Шукова: Македонија препознаена како лидер за спроведување на програмите на ГЕФ за биолошка разновидност

Во рамките на мисијата за зацврстување на соработката со ГЕФ и зајакнување на меѓународната поддршка, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, оствари билатерален состанок со раководителката за биодиверзитет и земјиште во УНЕП, Дорин Робинсон.

На состанокот се разговараше за досегашната успешна соработка, се направи пресек на заедничките активности и се детерминираа новите можности за соработка во рамките на програмите на ГЕФ.

Нашата држава беше посочена како лидер во регионот во спроведувањето на програмите на ГЕФ, особено во областа на заштита на биолошката разновидност и заштита од деградација на земјиштето поради што државата е избрана за домаќин на состанокот на конституентите на Глобалниот фонд за животна средина за Европа и Централна Азија, кој ќе се одржи во октомври оваа година.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +