25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk, © copyright
БИЗНИС

Тренчевска со добри вести за пензионерите: Работиме на палета од социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на КТВ Кавадарци зборуваше за задачите на Работната група која беше формирана на последната седница на Влада и за барањата на пензионерите.

Таа истакна дека во демократска држава секој што не е задоволен од политиките може да го искаже своето незадоволство и дека истото е легитимно право, воедно потсети дека за методологијата за порастот на платите во времето на донесувањето беше поздравена од страна на сите пензионери.

„Зголемувањето на пензиите нема да зависи од тоа кој е министер, затоа што методологијата за зголемување на пензиите го следи покачувањето на трошоците за живот и покачувањето на просечната плата. И во време кога нема да имаме инфлација пензијата ќе се зголемува затоа што просечната плата ќе расте“ истакна Тренчевска во нејзиното гостување.

Министерката посочи дека со оваа методологија за една година и 6 месеци покачувањето на пензиите е 24%.
Тренчевска се осврна и на формирањето на работната група за донесувањето на Законот за минимална пензија и креирањето на социјални мерки кои треба да ги помагаат пензионерите со најниски примања. Таа посочи дека минималната пензија ќе биде дефинирана така што нема да смее да биде под прагот на сиромаштијата.

„Од страна на работната група ќе биде креирана палета на социјални мерки во соработка со Фондот за здравство и Министерството за здравство за дел од лекарствата кои се најчесто користени а не се на позитивната листа да бидат ставени на истата. Ќе работиме и на тоа да го зголемиме прагот за бесплатното болничко лекување, исто така ќе работиме и на мерки во кои ќе биде вклучена директна финансиска помош“ рече Тренчевска.