Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во сообраќајна незгода на автопатот Скопје – Велес

Вчера попладне, околу 16.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, во близина на местото наречено Манастири, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 77-годишниот П. И. од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот, извести МВР.

„По несреќата, возачот П. И. и сопатниците Е. П. (37) и една малолетничка биле пренесени во Јавната здравствена установа Велес, каде што на Е. П. и малолетничката им биле констатирани тешки телесни повреди, а на П. И. му биле констатирани телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.