23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Процесот на устави измени е отворен, СДСМ ќе направи сѐ за членство во ЕУ

Соопштение на СДСМ:

Проевропскиот блок на чело со СДСМ ќе направи се за да ја пробие блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Христијан Мицкоски

Процесот на уставни измени во македонското собрание само што започна.

Моментално над 70 пратеници го поддржуваат, ќе продолжиме да работиме за обезбедување потребно мнозинство.

Иднината на македонската држава е во ЕУ, тоа го посакуваат 80 отсто од македонските граѓани, но и една четвртина од гласачите на ДПМНЕ.

Поддршката за европскиот пат на државата, јасно е искажана и од бројни високи европски претставници, меѓу нив последна е претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен која синоќа порача дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и повика сите политички субјекти во земјава да дадат поддршка на европскиот пат.

Како што обезбеди членство во НАТО, како што обезбеди почеток на преговори со ЕУ, така СДСМ заедно со европскиот блок ќе обезбеди членство во ЕУ, со заштитетн и потврден македонски идентитет и покрај блокадите од ДПМНЕ и Левица.