„Процесот на носење уставни измени почна, и на собраниската седница се виде дека СДСМ и коалицијата, европската коалиција, се за продолжување на европската интеграција на Македонија и дека опозицијата сака да ја блокира европската иднина на земјата“, велат од СДСМ.
„Повторно, како и во минатото ДПМНЕ е за блокада на патот на Македонија во европските интеграции, односно зачленување во ЕУ исто како што беше и против зачленувањето во НАТО.
ДПМНЕ и Мицкоски одново дејствуваат против интересите на државата, против подобра иднина на граѓаните. Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски“, соопшти СДСМ.
„Македонскиот народ, кој е проверопски ориентиран и сите граѓани што се за членство во ЕУ, тоа нема да го простат. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.
Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните и проевропските политички субјекти ќе направи сѐ да ја разбие таа блокада. Во тоа ќе успееме, ќе ја обезбедиме европската иднина на нашите граѓани“, се додава во соопштението на СДСМ.