25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

666 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 666 возачи, извести МВР.

„Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 349 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 317 надвор од населено место, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.