24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

13 лица претепаа полицаец откако запреле шкода – службеникот е пренесен во болница

Кривична пријава за напад врз службено лице

На 19.08.2023 година полициски слуужбеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко и М.Ѓ. (23) од село Градско Балдовци, струмичко. Тие се сомничат дека на 18.08.2023 година во 23.00 часот во село Баница, струмичко, насилнно запреле цивилно полициско возило „шкода“, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица кој во моментот извршувал службени задачи, по што најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети. Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Против нив е поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 3 од Кривичниот закон и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.