25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Владина делегација положи свежо цвеќе по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија

Делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

На денешен ден во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“, како прва регуларна воена единица во Народно ослободителната војна, која прерасна во ослободителна војска и се вгради во темелите на македонската држава.

Армијата на Република Северна Македонија денес е институција во која граѓаните имаат највисока доверба и која континуирано демонстрира професионалност и подготвеност во своето дејствување согласно стандардите на НАТО. Армијата активно придонесува во справувањето со современите предизвици и во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност преку учество во меѓународни мировни мисии.