25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби за Касами и Ганиу: Се обидоа да го злоупотребат Курти, пројдено е времето на провиден патриотизам

Вицепермиерот Артан Груби смета дека градоначалниците на Тетово Билал Касами, и на Чаир, Висар Ганиу, продавале фолклоризам и провиден патриотизам на настаните каде не го истакнаа македонското знаме и не се интонираше македонската химна. Според Груби, Касами и Ганиу се обиделе да го злоупотребат косовскиот премиер Албин Курти.

„Посетата на Курти е добредојдена. Тој често доаѓа често. Ова е беа локални настани на две општини. Пројдено е времето на фолклоризмот и граѓаните ценат работи, проекти, реализација, а не фолклоризам и провиден патриотизам кој беше промовиран од тие кои го поканија Курти и се обидоа да го злоупотребат за партиска дневна агенда. Очигледно не добија. Се виде дека името на улицата не е сменето од Општината туку од Градот Скопје и Владата. И патот Скопје-Призрен не може тие да го прават туку Владата на РСМ со Владата на Косово“, рече Груби.

По ова тој додаде: „Треба да ги почитуваме знамето, химната и законските обврски кои ги имаме. Тој театар кој се приредува е непотребен. Тоа го бараа во недостиг на проекти и иден“.

Настанот се одржа во петокот. Беше веено и знаме на т.н. „голема Албанија“. Градоначалниците добија прекршочни пријави. По вејачот на знамето се трага. Касами пак, го пречека Курти со песна „Добредојде во Албанија“.