Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Америка не поддржува ни „Голема Албанија“ ни „Голема Србија“, вели амбасадорот во Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, вели дека неговата земја не поддржува идеи ниту за Голема Албанија ниту пак за Голема Србија.

САД го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на секоја земја од Западен Балкан, дециден е амбасадорот.

Реакцијата на американскиот дипломат се случува по настаните за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Македонија, што предизвика бројни реакции поради знамето со „Голема Албанија“ кое се вееше на собирот.

Албанскиот политички фактор во земјата не го осуди и не се извини за инцидентот.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +