25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Сарај, осуден на петгодишна казна затвор

Вчера во 20.45 часот на улицата „Скоевска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот С.С. од село Арнакија, општина Сарај, извести МВР.

– Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а за него била распишана централна потерница по наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде имал за доиздржување уште две години и осум месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.