Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами

„Цела недела Христијан Мицкоски молчи за настаните и провокациите што се случија минатата недела во Тетово. Мицкоски не кажа ниту збор за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химна“, велат од СДСМ.

„Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот. Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции во општинската зграда“, соопшти СДСМ.

„Касами и Мицкоски заедно се обидуваа да ја урнат Владата, а нивната соработка продолжува и денес и во советот на Тетово и во македонското Собрание.

Наместо да работат на решавање на проблемите на граѓаните коалицијата на Мицкоски и Касами во Тетово промовира поделби, национализам, провокации и создаваат тензии.

Мицкоски и Касами треба да знаат дека времето на национализам, на тензии е одамна завршено, граѓаните нема да дозволат нови поделби онакви какви што ДПМНЕ 11 години ги правеше“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК