25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кој дозволил внес на боци и високо ниво кислород во објект кој не бил предвиден за тешки случаи заболени од КОВИД-19?

Според студијата на Светската банка во модуларните болници не било предвидено да лежат тешки и неподвижни случаи. Овие објекти беа наменети да бидат тријажни центи кои ќе служат во нив да се изврши прием на ковид заразени, од кои тешките случаи да се препраќаат во Главната болница, а полесните да лежат во “модуларните болници”.

Во болниците не било предвидено да има систем ниту боци за кислород, имајќи предвид дека тешките случаеви треба да лежат во централна главна болница, а не во ваков модуларен објект. Наспроти тоа, во тетовската модуларна болница од после биле внесени и користени боци за кислород.

Вештачењето на германските експерти кажува дека огнот настанал по употребата на дефибрилаторот. Огнот и високата температура се повеќекратно засилени поради високото количество на кислорот во објектот и дека поради тоа болницата гори ужасно брзо. Ова во соопштение го потврди и Јавното обвинителство.

„И вештиот наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот“, потврдија од Обвинителството.