Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во кичевско, пронајдени рамки за автоматска пушка и муниција, приведено едно лице

Вчера во 18.20 часот во село Лисичани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 29-годишниот И.Б. од истото село, извести МВР.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 239 куршуми различен калибар и пет празни рамки за автоматска пушка. За настанот бил известен јавен обвинител, а И.Б. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК