Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

На средбата стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

“Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата .” рече Османи.

За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

ДЕСК

Тажна вест: Почина уште еден затвореник во Идризово

ДЕСК

Физичка пресметка меѓу жени на Бит Пазар

ДЕСК