Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Загинатиот има 21 година, на иста возраст се и тројцата тешко повредени

Како што соопшти полицијата младо момче на возраст од 21 година е жртвата во тешката сообраќајка која што се случи во 1:28 часот утрово на магистралата Крива Паланка – Ранковце

Полицијата известува дека на патот Крива Паланка-Ранковце, кај село Љубинци, 21-годишниот И.М. од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот,додаваат од таму.

Возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Во тешката сообраќајка тешко се повредени 21-годишниот Ј.С., 22-годишниот Х.С. и 21-годишниот М.С., сите од Крива Паланка.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.