Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Велес, приведени тројца дилери, запленети повеќе видови дрога

По претходно добиена наредба од Основен суд Велес вчера е извршен претрес во домовите на три лица во Велес, извести МВР.

– При претресот кај З.Ј. (50) од Велес се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага. При претресот кај Д.Ј. се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана, додаваат од МВР.

Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.