25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Затвореници од „Идризово” уценувале мајка на цимер: Добиле скоро 15.000 евра за да не го тепаат, кога се откажала од плаќање го претепале

СВР Куманово поднесена кривична пријава против 35-годишниот Ш.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, извести МВР.

– Пријавениот, кој е на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Идризово, заедно со уште едно лице подолг период упатувале закани кон мајка на осуденик во истиот затвор да им даде пари за да не го нападнат. Оштетената во неколку наврати им исплатила вкупно 14.965 евра, соопшти МВР.

После тоа, тие и побарале уште 12.700 евра, а откако им кажала дека нема толку пари, тие физички го нападнале нејзиниот син, додаваат од Министерството.