22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
.МАКЕДОНИЈА

Богоев: Радикална структура во ВМРО-ДПМНЕ го искара Мицкоски зашто постигна договор за Уставот

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ21 повтори дека на лидерската средба бил постигнат договор во однос на уставните измени.

-Мицкоски излезе и го кажа, вели договоривме техничка Влада, барам да биде без ДУИ па после изгледа го искараа, има една структура внатре во ВМРО – ДПМНЕ порадикална која што условно кажано го влече за уши и го враќа во колосек кон националнизмот и кон закопување во ровови. Манифестот има за цел уште еднаш да даде гаранции дека преговорите ќе ги водиме сите заедно, транспаретно, ефикасно и ефективно затоа што ние заеднички таргет Македонија членка на ЕУ до 2030 година. Прилично амбициозна цел но не и нереална. Цел која може да се реализира доколку сите седнеме заедно и работиме заедно, вели Богоев.

Тој повика опозицијата да каже што е проблематично во предложениот манифест за преговори со ЕУ.

– Тоа што манифестот гарантира заштита на нашиот македонски јазик, култура и нациолна определба. Тоа ли е спорно? Што има спорно? Спорно ли е до 2030 да се потрудиме да станеме членка на ЕУ. Нека кажат што е спорно. Што е спорно во декларацијата лани што ја изгласавме во Собрание ? Не ја гласаа … Видете го парадоксот на ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ бара гаранции од ЕУ дека немало да има нови услови кои задираат во македонскиот јазик и идентитет, а што е резолуцијата на германскиот Бундестаг, донесе резолуција за Македонија, за посебност на јазик, култура, идентитет. Американскиот конгрес и Сенат септември месец го предлагаат како месец на билатералното пријателство со целосна серија на активности за признавање на македонската култура, јазик, идентитет, нација и посебност. Зборуваме за САД и за Германија. Овие сега сакале некаква гаранција, потенцира Богоев.