Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на осветување на црквата Пресвета Богородица во Ростуше, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски Партениј, со молитвено учество на дебарскиот архиерејски намесник о. Миле Ангелковски,
на Бигорското монашко братство и на сестринството од манастирот Свети Георгиј Победоносец во с.Рајчица.
Спасовски на својата Фејсбук страна се заблагодари до Епископот Партениј и на монашкото братство за овој свет и значаен историски чин за долнореканскиот крај, за заложбите и личниот труд за возобновување на храмот на Божјата Мајка, со што жителите и селото Ростуше добија исклучително убав храм кој ја слави милоста за доброто на сите жители.