27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Пружената и прифатената рака по земјотресот во Скопје станаа симбол за сочувство, љубов и солидарноста

„Пружената и прифатената рака подоцна стана симболична претстава за градот кој со сочувството, љубовта и солидарноста на светот важи за парадигма за човечноста која е најмоќната сила за обнова и нов почеток. Така Скопје го доби скапоцениот камен во круната наречен солидарност“ напиша министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на нејзниот Фејсбук профил.

Таа додаде дека тој скапоцен камен на на солидарноста денеска го сведочат бројни објекти, јавни установи, станбени објекти и цели населби кои беа изградени како подарок со љубов за Скопје.

„Станувајќи град на солидарност, Скопје ќе остане запаметен како град за чија обнова резолуција донесоа Обединетите Нации кога ги повикаа тогаш најголемите и најзначајни светски урбанисти и архитекти Константин Доксијадис од Грција, Кензо Танге од Јапонија, Адолф Циборовски од Полска и уште цела плејада други светски и југословенски архитекти и урбанисти“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исткна дека сите еа обединети околу идејата Скопје да биде град на нова ера, агора на демократијата и форум на слобода.

„Беа исцртани и поставени темелите на една модерна метропола во која главен двигател е неговиот континуиран развој со обележја коишто проникнуваат и се надоврзуваат на неговата автентичност“ напиша Костадиновска-Стојчевска.