23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Го осудуваме вандалскиот чин врз возилото на портпаролката на ДПМНЕ

СДСМ го осудува вандалскиот чин врз возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, чијшто автомобил утрово беше демолиран. Партијата ги повика надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

„СДСМ го осудува вандалски чин на демолирање на автомобилот на портпаролката на ДПМНЕ, Марија Митева.

Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество.

Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот, сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност согласно законите“, велат од СДСМ.