12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Расчистена тешка кражба во Скопје, следува уште една пријава за криумчар на мигранти кој веќе издржува мерка притвор

Вчера, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“ извршена на 09.05.2023, при што на улицата „Пушкинова“ од возилото „хонда“ со српски национални ознаки, сопственост на 57-годишниот Н.А. од Скопје беа одземени регистарски таблички, извести МВР.

– Во врска со настанот, вчера, по консултација со јавен обвинител, во Казнено – поправната установа Затвор Скопје бил извршен службен разговор со Л.Д.(29) од Република Србија, кој издржува мерка притвор во установата. Имено, на 09.07.2023 при контрола во возило „ауди“ на граничниот премин Богородица, кое го управувал, биле пронајдени лица мигранти, а било констатирано дека регистарските таблички кои биле ставени на неговото возило припаѓаат на возилото на Н.А., соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува значителна промена на времето, по сонцето доаѓа дожд и заладување

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.