23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓаат пеколни температури и многу висока вредност на UV индексот – Метеоцентар ја објави прогнозата за следните 4 дена

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.

Прогноза за 22.07.2023
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 36°C до 43°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. UV=10

Прогноза за 23.07.2023
Минимална температура: 15°C до 25°C
Максимална температура: 34°C до 42°C

Сончево и многу топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. UV=10

Прогноза за 24.07.2023
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 40°C

Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=10