25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Данокот за пелети ќе остане на 5%, ги слушаме реакциите на граѓаните

Предлог на пратениците беше ДДВ-то за пелетите, а денот кога беше тоа најавено реков дека ќе го слушаме гласот на граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Сител телевизија. Тој додаде дека даночните измени требало да се случат многу порано, но законите биле заглавеви во Собранието.

-Во однос на пелетите сметавме дека енергетската криза е позади нас, но поради реакциите на граѓаните ќе го прифатиме амандманот. Кога беше намален данокот на додадена вредност за пелетите, имаше временски период кога ќе се врати на нормалната стапка од 18% и рокот стаса. Секако сметам дека граѓаните треба да се вратат на поеколошки енергенси. Такви беа проценките, но и реакциите, па затоа ние по предлог на пратеничката група на СДСМ ќе го оставиме данокот на пелети на 5% и ќе се даде најверојатно позитивно мислење на комисиската расправа, кажа Битиќи.