Вчера во 06.40 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот А.М. од Скопје, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом во село Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.