9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Освен скандали во земјоделството, не сме виделе ништо друго од власта и ресорниот министер

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета во Прилеп запрашан како гледа на „пофалбите“ од Владата дека го подржуваат земјоделството рече дека покрај скандалите во земјоделството, нема ништо друго ниту, пак, некој го видел министерот за земјоделство да излезе.

„Покрај скандалите во Министерството за земјоделство, јас навистина друго и не знам, ниту некој го видел овој министерот за земјоделство ниту слушнал нешто од него“, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека на земјоделците за периодот 2019-2022 година им се должат отприлика 4 милијарди денари или 65 милиони евра.

-Последното што можев да го видам како податок е дека околу 4 милијарди денари, некаде околу 65 милиони евра им се должат на земјоделците по основ за останати субвенции, за периодот 2019-2022 година, значи некаде отприлика 4 милијарди денари или 65 милиони евра. Од друга страна, ја видовме цената откупна која што ја објавија мелничарите, таа треба да е некаде околу 8, 9 денари ако не се лажам, а производната цена е 19 денари, значи загубата од самиот старт е 11 денари и сега за што зборуваме?, запраша тој.

На крајот, Мицкоски порача дека доаѓа вистинска влада, влада на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделска влада, која што ќе се грижи за земјоделците.

„Зборуваме само за луѓе што многу крадат. Доаѓа вистинска влада, која ќе се грижи за земјоделците, земјоделска влада, онаа влада на ВМРО-ДПМНЕ што навистина суштински ќе им помага и навистина суштински ќе се грижи за земјоделците“, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК