Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Битола, пронајдени дрога и муниција, приведени две лица

Полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со Полициската станица од општа надлежност Битола вчера ги лишија од слобода М. Ј. и Ј. Б., двете лица од Битола, извести МВР.

„Имено, при претрес извршен со наредба од Основниот суд Битола во дом и помошни простории кај М. Ј. од Битола биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки каписли за сигнален пиштол. Малку подоцна приведена е и Ј. Б. (34) бидејќи, по преземените мерки и активности, утврдено е дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот, соопшти МВР.

Лицата се приведени во Полициската станица Битола и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.