Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во Кочанско, пронајдени оружје и муниција

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера ги лишиле од слобода 78-годишниот Д. С., 78-годишниот Ј. С. и 61-годишниот Д. М., сите од Кочани, извести МВР.

„При претрес во домот на Д. С. и Ј. С. во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка ‘црвена застава’, пиштол ‘црвена застава’, повеќе куршуми во различен калибар, оптички нишан и други предмети. А при претрес во викенд-куќа на Д. М. во с. Тркање, Кочанско, извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар“, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК