14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

522 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 522 возачи. Од нив 41 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 227 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 295 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

C +

На автомобил врзале куче и го влечеле по пат, ужас во Крива Паланка

ДЕСК

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за милионските скандали во Еразмус+

ДЕСК