2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва драма во скопско Буковиќ: Пукна цевка за вода, поплавени десетици куќи и повеќе улици

Преку единствен број за итни случаи Е-112 во ЦУК е добиена дојава од лица вработено во Општина Сарај дека во с.Буковиќ има пукнато цевка од којашто истекува големо количество вода при што има поплавено околу 20-30 куќи и улиците се целосно под вода.

Од страна на општината се ангажирани пумпи за испумпување на вода, но потребно е ангажирање на дополнителни пумпи за испумпување на вода и багер за да може да ја пренасочи водата во друг правец како не би дошло до поплавување на други куќи, а и за откривање на дефектот од каде што истекува водата за да може да се интервенира на истиот. За настанатата состојба известени се БППЗ на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација, Дирекција за заштита и спасување и МВР.

Од ЈП Водовод и канализација известиле до ЦУК дека се излезени на терен за да се утврди за каква цевка се работи и интервенираат во санирање на штетите. БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и пумпи за испумпување на вода се отидени во с.Буковиќ се со цел да се санираат штетите. Според последните информации водата од цевката е престаната да тече и се работи на испумпување на водата од улиците и куќите.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +