Од УХМР известуваат за НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 12 часа, до 20 часот.
64 Струмица,
48 Битола,
31 Виница
25 Гевгелија,
12 Кр.Паланка, Штип, Берово,
9 Прилеп, Пожаране
5 Пожар,
2 Ѓуриште, Тополчани,
1 Попова Шапка, Претор, Крушево, Тетово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Северозападниот дел од земјава е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Оваа маса се наоѓа западно од Скопската Котлина и се приближува кон западниот дел на градот, но поинтензивно јадро се наоѓа југозападно од градското подрачје.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА
Во првата половина од ноќта ќе се задржи променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.