25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци во Скопје, украденото вратено на сопственикот

Денеска (05.07.2023) во 00.10 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје се лишени од слобода двајца малолетници, од Скопје и од Струмица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „одземање на моторно возило“, казниво по член 242 од Кривичниот законик. Имено, малолетниците од ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје одзеле мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.П., кој е пронајден кај нив и вратен на сопственикот. Со малолетниците извршен е разговор во присуство на социјален работник од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи. За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.