25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Талески: Против ВМРО-ДПМНЕ има 400 обвиненија за злоупотреба на парите на граѓаните и над 150 години затворски казни

„ВМРО-ДПМНЕ се покажа и докажа дека е криминална партија со оглед на тоа дека против нив има 400 обвиненија за злоупотреба на парите на граѓаните. Има 150 пресуди, 40 признанија. 40 функцинери од ВМРО-ДПМНЕ признале дека сториле кривично дело злоупотреба на парите на граѓаните. 150 години затвор досега се досудени. Така ВМРО-ДПМНЕ практицирала власт“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема лице и образ да зборува за криминал и дека треба да си погледнат во сопствените редови и да расчистат со криминалната матрица.

„ВМРО-ДПМНЕ кончено треба да почне да работи во интерес на граѓаните, а не по секоја цена да бара начин со измислување на небулози да дојде на власт, за да продолжи да ги краде граѓаните“ рече Талески.

Пратеникот од СДСМ рече дека секој случај за кој постои сомнеж за криминал треба да биде институционаллно разрешен и оној кој се огрешил, без разлика од која партија е, мора да одговара.