14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лоши вести за времето утре и следните 4 дена – УХМР издаде и метеопредупредување

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Прогноза за 06.07.2023
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. UV=8

Прогноза за 07.07.2023
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Попладне, претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Прогноза за 08.07.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. UV=8

Спонзорирано: