Centar.mk
КУЛТУРАИЗБОРвест

Стојчевска: Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации

Фејсбук статус на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска:

Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации и споделуваме заеднички вредности во сите општествени сфери, вклучувајќи ја и културата.

Честит 4-ти јули, Денот на независноста на САД. Упатувам длабоко почитување и искрена благодарност за сета поддршка и пријателство кои ги добиваме од првиот ден на нашата независност. Нашето членство во НАТО само го потврди сојузништвото во име на мирот и демократијата.

Од особена важност за нас е поддршката што ја добиваме во областата на заштитата на културното наследство, преку Амбасадорскиот фонд на САД, со што долгорочно се заштитуваат културните добра од светско значење.

Особено сакам да го поздравам враќањето на Соединетите Американски Држави во УНЕСКО, како една од државите основачки на оваа Организација.

Можеби ќе ве интересира

Дац и Александар – Дамите Бираат

ДЕСК

Скопје ја задржа титулата за Европскa престолнина на културата – следи трансформација од 55 милиони евра

ДЕСК

Почина Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.