Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Груби – Терлецки: Да се искористи моментот за ЕУ, за сигурна иднина

Скопје, 26 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со полската делегација предводена од потпретседателот на Собранието, г-дин Ришард Терлецки.

Соработката меѓу двете земји, процесот на уставните измени и патот на евроинтеграциите, биле дел од разговорот на средбата со полската делегација.

Двајцата соговорници оценија дека билатералната соработка меѓу нашите две земји е одлична и има простор за уште поголемо интензивирање.
Груби ја оцени поддршката на Полска за интегративниот пат на земјата, додека Терлецки ја потврди поддршката за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

Од друга страна, Терлецки ја истакна потребата земјава да го забрза процесот на интеграција и уставни измени со цел продолжување на преговорите за членство.

Можеби ќе ве интересира

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

ДЕСК

Мицкоски најавува избори, тврди СДСМ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.