Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Синоптичарите ја објавија четиридневната детална прогноза – Какво време не очекува до крајот на неделата?

Утре ќе преовладува сончево и топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.

Прогноза за 28.06.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Прогноза за 29.06.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 33°C

Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. UV=7

Прогноза за 30.06.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Претежно сончево со слаб променлив ветер. UV=8

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК