17. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: власта е на пат да направи масовно прислушување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната трибина праша дали ОТА или Димитар Ковачевски лично вршат притисок врз мобилните оператори, за користење на опремата која ОТА ја има набавено, а со цел да им се овозможи масовно прислушкување на 2 милиони граѓани во Република Македонија?

-Власта е на пат да спороведе масовно кршење на правата на 2 милиони граѓани во Република Македонија. Единствена пречка за незаконското масовно прислушкување се мобилните оператори, кај коишто внатре во нивните системи треба да биде инсталирана опремата за прием на комуникациите. Јас би ја искористил оваа трибина да поставам прашање дали ОТА или Димитар Ковачевски лично врши притисок врз мобилните оператори, за користење на опремата која ОТА ја има набавено, а со цел да им се овозможи масовно прислушкување на 2 милиони граѓани во Република Македонија.Апелираме до мобилните оператори да не подлегнуваат на притисоците на власта, бидејќи сите членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, имаат утврдено дека ОТА купила опрема без почитување на законската регулатива, и за тоа го известивме и ЈО. Мобилните оператори треба да внимаваат, и доколку имаат било какви притисоци да ги пријават во ЈО. Апелирам власта да запре со самоволието, бидејќи со тоа ја загрозува нашата меѓународна репутација на Република Македонија, како и довербата која ја имаат нашите стратешки партнери во нас, додаде Петрушевски.