23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Одлуката за ЕУ е одлука за иднината, ДПМНЕ да покаже државничко однесување

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука, важна за државата, досега.

ДПМНЕ не го поддржа членството во НАТО, беше против Договорот од Преспа, против продолжувањето на преговорите со ЕУ а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС.

ДПМНЕ заедно со Левица застана и против одлуката на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет.

Сега е време за нова одлука за продолжување на европскиот пат.

ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса макар еднаш да покажат државничко однесување.

Сметаме дека има време за дијалог и заедно да ги донесеме уставните измени.

Одлуката за ЕУ е одлука за иднината.