Денес и утре ќе преовладува претежно стабилно и топло, освен во планинските подрачја во посеверните делови, каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и опаѓање на дневната температура за неколку степени.
Прогноза за 24.06.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Променливо облачност, попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. UV=7
Прогноза за 25.06.2023
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=7
Прогноза за 26.06.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 23°C до 32°C
Сончево со мала до умерена локална облачност претежно во западните делови и со умерен ветер од северен правец. UV=7