12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски ја посети македонската амбада во Букурешт

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Во рамки на работната посета во Букурешт, Романија ја посетив македонската Амбасада во Букурешт, каде што се сретнав со претставници на македонската дијаспора. Притоа, остварив средба со Почесните Конзули на Република Северна Македонија, Аурелиан Гогулеску во Плоест и Луминица Силаги-Димитреску во Клуж Напока.
На средбите стана збор за можностите за унапредување на квалитетот на живот на нашите граѓани во Романија, во насока на олеснување на постапките под надлежност на МВР, а со цел ефикасен и економичен одговор за потребите на граѓаните.

„Го слушаме гласот на секој еден” е веќе етаблираниот концепт по кој се водиме за секој наш граѓанин во дијаспората. Продолжуваме со иницирање и забрзување на веќе отпочнатите активности, а во насока на подобрување на услугите кон нашите граѓани во државите во кои живеат.