18. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лажела дека е силувана, гинеколошкиот преглед покажал дека се самоповредила – кривична за 22-годишна девојка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(22) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с.Џепчиште.

После тоа, врз неа извршен бил гинеколошки и телесен преглед, при што било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело.