18. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Богоев: Aктивноститe на ГП Табановце во рамки на Отворен Балкан се за забрзување на протокот на возила, стоки и патници

Директорот на Царинската управа Стефан Богоев денес беше во посета на граничниот премин Табановце, каде што во завршна фаза се инфраструктурните зафати на граничниот премин Табановце во пресрет на екот на туристичката сезона. Ова е една од мерките кои Царинската управа ги презема во координација со Владата во рамки на иницијативата Отворен Балкан, со цел олеснување на регионалната трговија и забрзување на движењето на возила, стоки и патници.

Во периодот што следи ќе започне да се применува и мерката за признавање на потврдите за мерење на вага на товарните возила помеѓу Царинските управи на Република Северна Македонија и Република Србија, со што дополнително ќе се намали времето за спроведување на царинските формалности.

На средбата со царинските службеници директорот Богоев ги истакна неговите заложби и посветеност на борбата против шверцот и корупцијата, како и важноста за заеднички напори на сите нивоа, со цел поефикасни контроли и подобрување на резултатите.

„Спроведувањето на владините политики поврзани со трговијата, наплатата на приходите, безбедноста и сигурноста на општеството и интеграција со Европската унија, бара соодветни инвестиции како во инфраструктурата на граничните премини, така и во царинските ИКТ системи и хармонизација на соодветните законски регулативи.. Иницијативата Отворен Балкан веќе ги дава потребните резултати за граѓаните и бизнис заедницата“, вели Богоев.