23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Косовскиот премиер со благодарност до македонската полиција за пронаоѓањето на возилото во Лепенец

Фејсбук статус на Албин Курти, премиер на Косово:

Само што бев информиран од нашите власти дека автомобилот кој синоќа излета и падна во реката Лепенец во Скопје е пронајден и во него се мртвите тела на тројца наши државјани.

На момчето што ја преживеа оваа несреќа му посакувам брзо закрепнување и сила да се справи со болката од губењето на родителите и братот. Изразувам најискрено сочувство до семејството Пацоли и Висока кои ги загубија членовите на нивните семејства.

Ваквите настани длабоко влијаат на секој од нас.

Искрено им благодарам на нашите професионални тимови на КБС, на косовската полиција, на волонтерите за пребарување и спасување и на властите на Република Северна Македонија кои во тесна соработка, од критичниот момент, дадоа се од себе и покрај сите предизвици со кои бил соочен.